Арбен Таравари ќе министерува, но во среда ќе лекува пациенти на скопска Неврологија

by Fokus

Првиот човек во здравството Арбен Таравари, покрај министерскиот ангажман планира да продолжи и по неколку часа да работи и како невролог на скопската Клиника за неврологија, каде што претходно работел повеќе од 15 години.

Според нашите информации, министерот планира во среда по неколку часа да работи во амбулантата на клиниката и да прегледува пациенти, сметајќи дека на тој начин може да им помогне на болните. Според законот, министерот за здравство, ако доаѓа од областа на медицината има право 15 часа да работи со пациенти се додека ја извршува функцијата.

Исто така, Таравари испратил писма до сите директори на скопските клиники, во кои најавил инспекциски контроли во сите болници со намера да се видат во какви хигиенски услови работат лекарите, а се лекуваат пациентите.

И.М.

 

Поврзани новости