316
Дополнителен армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили, обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска претпладне од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Турција каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.
-Армискиот тим се упатува по донесената одлука на Владата за испраќање дополнителна помош, а на предлог на Министерството за одбрана. Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во урнатините настанати од катастрофалните земјотреси, соопшти Министерството за одбрана.