Исполнета модуларната болница во Кочани, пацинетите се сместуваат на други одделенија

by fokus

Поради зголемениот број пациенти на кои им е потребно болничко лекување, од утрово капацитетот на модуларната ковид-болница во Кочани е целосно пополнет.

Дополнително се ангажирани и слободните болнички кревети во другите одделенија на Општата болница со проширена дејност, со што во моментот за хоспитализација во оваа здравствена институција е обезбедено место за вкупно 56 паценти.

-Во болничките соби на модуларната болница се сместени 29 пациенти со Ковид-19, а уште петмина со потешки симптоми се во одделот за интензивна нега, што значи дека објектот е максимално исполнет. Заради зголемениот наплив, попладнево ги ангажиравме и капацитетите на одделот за физикална медицина, заедно со просторот за интензивна нега, со што обезбедивме дополнителни 22 болнички легла, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани.

Додаде дека од среда ќе биде отворен пунктот за вакцинирање на граѓаните од Кочани, кои претходно се пријавиле на официјалната веб-страница на Министерството за здравство. Се планира дневно да се вакцинираат по околу 200 граѓани, пунктот ќе работи во две смени, а вкупниот број пријавени од општината е околу пет илјади лица.

Пред давањето на вакцината, која е бесплатна, ќе се контролира здравствената состојба на граѓаните и дали имаат антитела, односно дали смеат да ја примаат. МИА

Поврзани новости