Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нора Исмајлоска-Старова, која гласаше за потребата за уставни измени, во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека очигледно е дека Македонија не може да оди кон ЕУ и НАТО без да постигне договор со Грција, а дека од амандманите зависи дали дали ќе гласа за.
-Очигледно е дека не можеме да одиме напред кон ЕУ и НАТО без решавање на спорот со Грција. Мислам дека можеби можело да има подобар договор, но сега тоа е што е. На нас остана одговорноста да се обидеме со нашите предлози да допридонесеме за што подобра реализација на истиот и да и дадеме шанса на Македонија да оди напред. Немав некој поесебен притисок. Пораките од граѓаните, но и од меѓународниот фактор ме натераа да размислам. Од квалитетот на амандманите ќе зависи дали ќе гласам за нив, рече Старова која по гласањето беше исклучена од партијата.