Богданов за „Фокус“: Разрешен сум од партиската функција, имаме спротивставени визии со претседателот

by fokus

Доскорешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Костадин Богданов во изјава за „Фокус“ потврди дека вечерва е разрешен од партиската функција.

-Јас не сум присутен на седницата на Централниот комитет, но претставници кои се таму ме инфомираа дека сум разрешен. Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и се уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата, изјави Богданов.

Поврзани новости