Пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во вечерашното госување на телевизија Телма ги демантираше информациите дека таа била со Сашо Мијалков во Мериот кога го апсеа. Во јавноста излегоа информации дека во моментот на приведување, Мијалков бил во друштво на пратениците Исмајлоска-Старова, Сашо Василевски и Крсто Мукоски.
-Помирувањето беше подадена рака од Зоран Заев, за која јас сметав дека треба да биде прифатена и затоа јас сум дел од телото за помирување. Целтата за вистина за 27 април не е целосно излезена. Јас верувам дека колегите пратеници немале лоша намера, а и дека веруваат дека треба да одиме понатаму. Не бев пристуна кога го апсеа Сашо. Слушнав за тие информации, но не бев таму. Не негирам дека сум се сретнала, но кога го апсеа бев на друго место, рече Исмајлоска-Старова.