Игор Југ до Мунир Пепиќ: Мунире јаране, биќу кратак

by fokus 18:59
18:59

На денешното рочиште настаните од 27 април во текот на распитот на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, за прашање се јави обвинетиот Игор Југ, објави ПлусИнфо.

– Господине Пепиќ, прво ќе ви се обратам на мајчин јазик, рече Југ и продолжи: Мунире јаране… само пар минута, биќу кратак.

- Advertisements -

Тоа предизвика смеа кај присутните, а Пепиќ му одговори дека негов мајчин јазик е македонскиот, а Југ го постави првото прашање.

– Рековте дека во Собранието сте следеле НН лице. Дали НН лицето претставувало опасност по безбедноста на државата? – праша тој.

Пепиќ одговори дека секое лице следено од Агенција за разузнавање нормално е дека се следи поради опасност по безбедноста на државата.

Југ го прашуваше и дали во Собранието имало агенти од странски служби, а македонските безбедносни структури биле свесни за тоа, но по приговор на адвокатот прашањето не доби одговор.

Инаку, за НН лицето кое Пепиќ рече дека го следел на 27 април, друг обвинет, Александар Василевски Нинџа праша дали станува збор за Горан Живаљевиќ од Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија. На тоа тој одговори дека станува збор за активности на Агенцијата за разузнавање и класифицирана информација и оти не може да открие без дозвола од негов претпоставен.

Поврзани новости