Исмаиловиќ се спакува, се поздрави со роднините и замина во притвор

by Фокус

Агим Исмаиловиќ, обвинет во случајот „Монструм“, замина во притвор, откако денеска тоа го побара обвинителката Фатиме Фетаи.

-Бев на рочиште од 11.30 часот и обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор. Од таму, значи како по обичај, во петок на наш народен јазик се вика џума, отидов во џамија. Со пријателите од 12.30 часот пиевме по едно кафе околу половина час и кога ми јавија роднините дека дошла полиција дома и ме барале, но не оставиле ништо ниту повик да се јавам во полициска станица или да одам во станица. Само ме побарале дали сум тука. И во суд ви кажав каква и одука да се донесе немам намера да бегам од дома, каква и да биде ќе ја прифатам со должна почит. Во мојата земја сум и тука ќе бидам додека сум жив – рече Исмаиловиќ за ТВ 21.

Исмаиловиќ се спакува, се поздрави со соседите и роднините и со полициска придружба замина.

Поврзани новости