Исланд ја искористи Евровизија за протест против израелската окупација на палестински територии

by fokus

Претставниците на Исланд ја искористија синоќешната манифестација на Евровизија да испратат политичка порака и во знак на протест раширија транспаренти на кои пишуваше Палестина. Тие протестираа против израелската окупација на палестински територии и против кршењето на правата на палестинските жители.

Транспарентот беше виден од целата јавност кога беа соопштени поените што ги доби Исланд за време на објавувањето на резултатите. Веднаш потоа камерата се пренасочи кон водителите, на чии лица можеше да се забележи неугодност.

Оваа година изборот на песна беше еден од најконтроверзните. Изминативе месеци беа се почести повиците за бојкот поради политичката и воена ситуација во Израел и неодамнешното насилство меѓу израелската армија и милитаристите од Газа.

Поврзани новости