Тијана до Тамара: Ова што ти го направи е најголем успех до сега

by fokus

Нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, синоќа го освои осмото место на европскиот фестивал за најдобра песна. И покрај тоа што се очекуваше Тамара да влезе барем во првите пет, сепак пласманот доби честитки од сите страни.

Нејзината сестра, Тијана Дапчевиќ, која и сама ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2014 година, по објавување на резултатите порача дека ова е најголем успех до сега.

„Љубави моја, ти си моја прва светлост, ти си мојот херој! Ова што ти го направи е најголем успех ever! Многу те сакам!!! Гордан сум до небото и назад!“, напиша Тијана.

Тијана во 2014 со песната „До небото“ не успеа да влезе во финалето.

Поврзани новости