Искршени штабови на БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Оштетени излози, искршени стакла и искинат предизборен материјал, викендов настрадаа два штаба на политички партии.

Штабот на БЕСА бил мета на напаѓачи ноќта помеѓу саботата и неделата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека партискиот простор на БЕСА, лоциран на улицата „Тале Христов“, бил оштетен, две изложни стакла се скршени, а шест плакати искинати. Сторителите се уште не и се познати на полицијата.

На ВМРО-ДПМНЕ бил оштетен штаб на улицата „Црвени стени “ во Битола. Напаѓачите го скршиле стаклото од влезната врата на месната канцеларија.

Од полицијата додаваат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Поврзани новости