Над дваесет кандидати во трката за нов јавен обвинител, меѓу нив и Љубомир Јовески

by fokus

Судии, професори, адвокати, нотари и обвинители меѓу кандидатите за фотелјата на поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Над 20 кандидати до вчера ја доставиле својата апликација до Собранието со што го испочитувале рокот кој трае до денеска.

Меѓу пријавените се Звонко Давидовиќ, Александар Наков, Александар Тортевски, професорот Сејфула Османи и нотарката Лорија Ваневска, кои и јавно најавија дека ќе се вклучат во трката. Од парламентот потврдуваат дека пријава поднел и Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

Во прилог на неговата кандидатура оди ставот на претседателот на Советот на јавни обвинители, кој смета дека изборот треба да падне на човек од обвинителските редови. „Фокус“ во последниот број пишуваше дека Јовески веќе се издвојува како фаворит и е најсилен претендент за прв човек на јавното обвинителство.

Следно, Советот за јавни обвинители ќе треба да се прозинесе за кандитите. Последниот збор го има Владата, но сепак потребни се гласовите на 61 пратеник за изборот да се официјализира.

Поврзани новости