Искршени прозорците на штабот на СДСМ во Кичево

by fokus

Во текот на вчерашниот ден околу 19,30 часот било пријавено дека во Кичево, Г.П.(43) од Кичево ги искршил стаклата од штабот на политичката партија СДСМ лоциран на улицата „Маршал Тито“.

Како што пренесуваат од МВР, лицето било приведено во Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости