457
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија испрати соопштение до јавноста во кое ја коментира поддршката што претседателот на Европската народна партија и ја даде на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Гордана Силјановска. Според овие пратеници, кои беа исклучени од членството во ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за Договорот од Преспа, поддршката од Дол значи дека и Силјановска го прифаќа Договорот.
„Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ ја поздравува поддршката на Жозеф Дол кон кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ. ЕНП беше силен поддржувач на Преспанскиот договор и со ова се покажува дека истиот е прифатен како реалност од Силјановска Давкова и ВМРО ДПМНЕ.
Фактот дека поддршката на Жозеф Дол значи дека Гордана ги прифаќа предностите на договорот од Преспа, е позитивна промена.
Им посакуваме успех на кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова и се надеваме дека ќе имаме мирен и успешен изборен ден. Тоа е многу важен аспект за понатамошните евроатлантски интеграции“, порачаа од пратеничката група.