Македонски иселеници четврта година по ред собираат новогодишни донации, наменети за семејствата на осудените за нападот во Собранието кои отслужуваат затворски казни. Иницијативата е на велешанецот Боби Темелков, кој живее во Канада, и е претседател на Македонски Светски конгрес- Канада.
Како што информираат на страницата за донации, целта им била да соберат 30.000 канадски долари и рамноправно да ги поделат на фамилиите. Досега се собрани над 5.000 долари. Најголемата донација од над 1.000 долари доаѓа од Македонски Светски конгрес-Канада. Минатата година за семејствата се собрале околу 20.000 долари.
Тогаш Темелков ги повика и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да помогнат со свои донации, но повикот не наиде на интерес од нивна страна.
-Нашите браќа веќе пет години се обесправени и одвоени од нивните фамилии. Тие се оставени сами да се борат со неправдата, неизвесноста и судбината на нивните татковци и сопрузи. Да не дозволиме да се борат и со сиромаштијата, таму барем можеме да помогнеме. Должност ни е да подариме таму, каде што нема и да внесеме верба таму, каде што е изгубена – порача Темелков.
Вики Клинчарова