578
Седумнаесет годишното девојче од Демир Капија, кое исчезна минатиот четврток, се вратило дома. Нејзината мајка ја известила полицијата да не трага повеќе по неа, бидејќи нејзината ќерка се вратила кога дознала дека ја бараат. Како причина за исчезнувањето се наведува тоа што детето не сакало да се врати назад во Шведска, каде живеело со својата мајка, а двете дошле на одмор во родниот град.