Случаен минувач во Дојран забележал дека во езерото има починат маж, по што повикал полиција. Идентификација на починатиот извршила неговата ќерка, која кажала дека татко и исчезнал уште пред Нова Година.
-Во 11.20 часот во Полициското одделение Нов Дојран, Г.С. (47) пријавил дека во водите на Дојранското езеро, на место викано „Мрдаја“ пронашол починато машко лице. Телото било изваден од езерото, а увид на местото извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. М.С. (33) од Гевгелија извршила препознавање и потврдила дека починатото лице е нејзиниот татко Ѓ.А. (63) од Нов Дојран, кој на 15.12.2017 година бил пријавен за исчезнат. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, информираат од МВР.