Прилеп е на нозе и во потрага по 50-годишната Весна Николска, која синоќа во 23:05 часот излегла од дома и ѝ се губи секоја трага.
Нејзиниот син Антонио за „Фокус“ појаснува дека се било во ред со неговата мајка, кратко разговарале вечерта, ништо не навестувало според нејзиното однесување дека има некаков проблем. Кога забележал дека ја нема, ги проверил сигурносните камери, според кои го дознал точното време кога таа излегла од дома и како била облечена.
-Светли тренерки, јакна во темна боја. Кај себе нема ниту документи, ниту мобилен телефон. Сега пребаруваме околу езерото, бараме помош од секој кој има било каква информација – вели Николоски, чие семејство е познато во градот по фамилијарниот бизнис со слатки, во кој и неговата мајка била вклучена.
Додава дека сите се во шок, не знаат која би била причината за нејзиното исчезнување, ниту пак каде би можела да биде. Доколку некој има информација, или пак ја забележи, веднаш да го контактира семејството на мобилниот број 075 480 598.
Вики Клинчарова