Исчезна 18 годишно девојче од Скопје

by Fokus

Жител од скопско Батинци, пријавил дека од дома се оддалечила неговата 18-годишна ќерка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 30.10.2022 во 08.30 часот во Полициската станица Драчево, Џ.С.(56) од с.Батинци, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата ќерка З.С.(18) од с.Батинци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.

Поврзани новости