436
Штитеник на возраст од 12 години исчезнал од ЈЗУ „Ранка Милановиќ“ во текот на вчерашниот ден. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
„На 19.11.2018 година во 15.45 часот во Полициската станица Гази Баба социјална работничка во ЈЗУ „Ранка Милановиќ“ пријавила дека на 14.11.2018 година од домот во непознат правец се оддалечил нивен штитеник на возраст од 12 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.