На Груевски му е одобрен азил поради опасност дека ќе биде предмет на прогон во Македонија

by fokus

Унгарската канцеларија за имиграција утврдила дека осудениот екс премиер, Никола Груевски, е во опасност да биде предмет на прогон поради неговото политичко минато. Од тие причини на Груевски му е одобрено барањето за азил, пренесува унгарскиот портал Тајмс.

„Канцеларијата за имиграција дошла до заклучок дека враќањето на Груевски во неговата земја ќе биде предмет на прогон на власта во неговата земја, поради неговото политичко минато и мислење и обвинувањата од новата влада.“

Ексклузивната информација на Унгарски тајмс, ја пренесуваат сите унгарски медиуми, меѓутоа тие потенцираат и оти ваквата информацијата ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат од Канцеларијата за имиграција со образложение дека оттаму можат да му дадат таква информација само на засегнатото лице, во случајот Груевски, и на Комесаријатот за бегалци на Обединетите нации.

Поврзани новости