Иронија на судбината: Мајката на Јелена од Куманово учествувала во сообраќајката кај „Гоце Делчев“

by fokus

Мајката на младата Јелена од Куманово која загина во сообраќајка во 2020 година учествувала со сообраќајната несреќа што се случи денеска кај мостот „Гоце Делчев“ кога беше прегазен пешак на возраст од 76 години.

Извори на Фокус од институциите, неофицијално потврдуваат дека автомобилот „БМВ“ со кумановски регистерски таблици го управувала четириесет и двегодишната Гордана Филиповиќ.

По наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција на телото на починатиот, а од жената возач се земани примероци од крв и урина за да се утврди дали била под дејство на алкохол или дрога.

Несреќата се случи утрово околу 11 часот, на местото на несреќата имало бел „пик ап“ и „БМВ“ со кумановски регистерски ознаки.

Младата кумановка Јелена загина во сообраќајка во јануари 2020 година во скопски „Илинден“. Неодамна на казна затвор до 7 години и 6 месеци беше осуден кумановецот Никола Стефановски, возачот на автомобилот во којшто загина Јелена.

Tаткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека барал платен убиец за ликвидација на човекот кого го смета за одговорен за смртта на девојката, а пред само неколку месеци гробот на девојката беше осквернавам. Против сторителите кои бараа злато во гробот на Јелена се води судски процес.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости