Голем протест во Берлин против владината одлука за задолжителна вакцинација

by Fokus

Во Берлин почна голем собир на граѓаните кои се противат на одлуката на германската Влада за воведување задолжителна вакцинација.

Берлинчани од сите страни доаѓаат на протестот пред Бундестагот, германскиот Парламент, каде се расправа за предлогот на владата.

Германија денеска постави нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус – 164.000 заразени за еден ден. Пред една недела, бројот на новозаразени веќе беше на високи 112.323, а продолжи да расте со ширењето на сојот омикрон.

Во моментов, во Германија, 75 отсто од граѓаните примиле најмалку една доза од вакцината, што е најниска стапка во Западна Европа, бидејќи во другите земји стапката на вакцинација изнесува од 80 до 86 отсто.

Германскиот Парламент денеска расправа дали, како и соседна Австрија, ќе се воведе обврската за задолжително вакцинирање за сите полнолетни граѓани или само за постарите од 50 години, односно за одредени групи лица.

Во изминатите неколку протести низ Германија за вакцинацијата, на улиците на германските градови имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Поврзани новости