Зад односите меѓу БПЦ и МПЦ има политичка позадина вели Епископот бачки Иринеј во интервју за весникот Печат. Осврнувајќи се на актуелните случувања тој наведува дека ова е сценарио се режирало во Струмица на маргините од средбата меѓу двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов. Потегот на МПЦ го оценува како неук и незрел.
„Не може да се избегне впечатокот – а, има и непосредни сведочења од самата Бугарска Црква – дека целиот потфат е мотивиран од политички, државно-национални цели, во духот на старата егзархиска теза за етничкиот бугарски карактер, не само на денешна Република Македонија, туку и на одделни делови на Србија и Грција. Со самото тоа, инспириран е, и поттикнат, по сè судејќи, од политичари и државни чинители од Скопје и Софија. Не знам, но не би се чудел, целото сценарио да е разработено на последниот состанок на двајцата премиери, Заев и Борисов, во Струмица, во режија, или, барем со активно учество на расколничкиот струмички владика Наум. Актерите и не кријат многу, дека нивните акции се политички координирани..“, вели тој.