Прекини на два патни правца поради сообраќајни незгоди

by fokus

Сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар, на излез од село Камењане-Тетово од 18.30 часот се одвива наизменично поради вршење увид поради сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Исто така, од 17:50 часот на регионалниот пат Штип-Неготино, поточно над с.Лесковица сообраќајот е во прекин поради опожарување на патничко моторно возило.

Поврзани новости