450
Последната анкета на ИРИ покажува дека премиерот Зоран Заев е најомилен политички лидер во очите на граѓаните.
Според анкетата, Заев е многу омилен за 25 отсто од граѓаните, делумно омилен за 26 отсто, делумно неомилен за 15 отсто, а неомилен за 25 отсто од граѓаните.
На второто место е Никола Груевски. Многу е омилен за 15 отсто, делумно омилен за 17 отсто од граѓаните, а неомилен кај 50 отсто.
Од него поомилен политички лидер е претседателот Ѓорге Иванов со 21 отсто. Висок рејтинг од 10 отсто ужива Талат Џафери, пред Али Ахмети и Зиадин Села со по 8 отсто и Билал Касами од 6 отсто.