Додека анкетите покажуваат победа за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам и значителниот процент на неопределени гласачи кој го покажуваат истражувањата, може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи, се вели во предизборниот мониторинг на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
-На 11 декември, гласачите во Република Македонија ќе излезат на гласачките места да го дадат својот глас за парламентарните избори во очи актуелната политичка криза во државата. Изборите се одржуваат како резултат на политички договор постигнат со посредништво на Европската унија, САД а се сметаат за показател дека политичката ситуација во државата се стабилизира. Мисијата на Канцеларијата на ОБСЕ во за демократски институции и човекови права, за меѓународен мониторинг пријави “број на обвинувања за притисоци врз вработените во јавниот сектор да гласаат за конкретни политички партии”, иако атмосферата во предизборниот период е мирна. Додека анкетите покажуваат кон победа за владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам откриен од неодамнешните анкети и значителниот процент на неопределени гласачи може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи. Идната влада ќе мора да преземе мерки да ја врати довербата во политичкиот систем, со оглед дека вербата во интегритетот во македонската демократија во очите на електоратот е нарушена поради политичката криза во изминатите две години. Се очекува дека изборите ќе овозможат стабилизација на политичката клима во Македонија- се вели во предизборниот мониторинг на ИРИ.
Според ИРИ, излезноста на претстојните избори ќе биде над 60 отсто.