Ахмети: Знаев дека се прислушува, ама не се лутам

by fokus 11:30
11:30

Јас не сум гневен и не се лутам зошто прислушувале, бидејќи тоа за мене не е ништо ново, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју на ТВ 21.

-Во Македонија сите прислушувале. Не може да се амнестираат ни ВМРО, ниту СДСМ. Знаев дека се прислушува. За ова зборував и со тогашните власти, со Бранко Црвенковски и со Хари Костов. Не знам колкава е бројката на прислушувани лица. Свесен сум дека во секоја држава се прислушува, ама државата има механизми како тоа прислушување да биде легално. А тоа е со налог на судот, рече Ахмети.

- Advertisements -

Во интервјуто тој одговори и на прашањето зошто не сака да има фукнција во извршната власт, а тоа било зашто бил покомотен и помотивиран да работи со луѓе, внатре во партијата.

 

Поврзани новости