ИРИ: 55 отсто од граѓаните сметаат дека Груевски не заслужува нов мандат!

by Фокус

Дури 55 отсто од граѓаните сметаат дек Груевски не работи добро и не заслужува да биде реизбран за премиер на Македонија, покажува најновата анкета на ИРИ.

Пред само нешто повеќе од една година 38 отсто од граѓаните сметале дека Греуевски не заслужува нова доверба.

iri

 

Според најновата анкета на ИРИ, 48 отсто од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока. Ова е зголемување за 9 отсто од претходната анкета на ИРИ која беше спроведена во декември минатата година.

Целиот извештај ТУКА

55 отсто од граѓаните одговориле дека во Македонија не постои слобода на говор и изразување. Анкетата покажува дека Македонците се најзагрижени за правецот во кој се движи земјата, како и за економската и политичката состојба.

Поврзани новости