Хан и европратеничката тројка денеска на заедничка маса со лидерите на најголемите партии

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан  и тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска ќе ги седнат на маса лидерите на најголемите партии во земјава. Како што соопштија од Европската комисија, европратеничката тројка најпрвин ќе имаат одделени средби со нив, а потоа ќе се одржи заедничка лидерска средба.

Вчера Хан, на пат кон Македонија, на Твитер напиша дека денеска е клучен ден за договор, па затоа и се смета дека неговата заложба е во Брисел да не се врати без договор. Основа за постигнувањето конечно решение би бил договорот од 2 јуни.

Поврзани новости