Ирена Мулачка од „Фокус“ доби признание за истражувачката сторија за градоначалничката Арсовска

by Fokus

Новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка доби признание од Здружението на новинари за истражувачката сторија поврзана со актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

Станува збор за серијал од десет текстови во кои ексклузивно се открива колкав имот поседува таткото на Арсовска, почнувајќи од куќи, хотели, старски домови и фирми. „Фокус“ располага со фотографии од луксузниот имот на Ванчо Јовановски.

Исто така, актуелната градоначалничка лани беше повикана на разговор во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на стопански комори, а нашата редакција ги објави и сите детали од полицискиот записник.

За овој серијал, Мулачка беше мета на нарачани текстови против неа, барајќи начин да се цензурира нејзината работа.

 

 

Поврзани новости