1.3K
Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија одбележува десетгодишнина од своето постоење. По тој повод на вкупно 10 новинари, медиуми и невладини организации, претседателот на СКУП, Зоран Иванов, им додели пофалници за поддршка, развој и унапредување на истражувачкото новинарство. Добитници на пофалниците се: Горан Лефков, Ирена Мулачка, Катерина Топалова, Васко Маглешов, Мери Јордановска, Маја Јовановска, весникот КОХА, 360 степени-Алсат, Центар за граѓански комуникации и КОД.
СКУП е институционално поддржан во рамките на програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.