(ВИДЕО) Излезе првата песна на Атиџе и Сузана Турунџиева: Моја Атиџе, душо медена!

by Fokus

Откако пред речиси еден месец, пејачката и писателка Сузана Турунџиева се пофали со фотографии од музичко студио со хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, конечно песната излезе во етерот и прикачена е на Ју тјуб.

Песната е насловена „Иста судбина“ со текст на Огнен Неделковски, додека пак музиката и аранжманот се дело на Роберто Поп Димитров.

Турунџиева во изминатиот период постојано беше во друштво на Атиџе, мошне и помогна во животот и конечно и ја исполни нејзината огромна желба – да сними песна.

Главната протагонистка на „Медена земја“ во многу наврати порача дека сака да сними своја композиција и после долго време е остварена нејзината желба.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости