Иран ја потврди смртната казна за шведско-ирански дисидент

by Fokus

Иранското правосудство денеска ја потврди смртната казна на шведско-иранскиот дисидент обвинет за „тероризам“, повеќе од две години откако исчезна од аеродромот во Турција, објави онлајн судската веб-страница Мизан, пренесе Еуроњуз.

Хабиб Фарџолах Чаб се бара во Иран од октомври 2020 година, откако исчезна за време на посетата на Турција и му се судеше во Техеран, кој не признава двојно државјанство.

Чаб, кој беше прогласен за виновен за „корупција на земјата“ и „формирање бунтовничка група“, беше осуден на смрт на 6 декември 2022 година.

Денеска беше објавено дека Врховниот суд на Иран ја потврдил пресудата.

„Врховниот суд ја одобри смртната казна на Хабиб Фараџолах Чаб под обвинение за корупција на терен преку формирање, управување и раководење на бунтовничката група наречена Харакат ал Нидал, како и дизајнирање и извршување на бројни терористички операции во провинцијата Кузестан“, објави Мизан онлајн.

Чаб е последниот осуден на смрт откако беше прогласен за виновен како член на Харакат ал Нидал, кој Техеран го нарекува „терористичка група“.

Минатата недела, судот во Ахваз осуди шест мажи на смрт за нападите со образлоѓение „спроведување на наредбите на нивните европски лидери“.

Тие беа прогласени за виновни за „вооружени операции“ меѓу 2017 и 2019 година во кои загинаа четири лица, вклучително и еден војник и двајца членови на иранската паравоена единица Басиџ, се вели во извештајот.

Обвинетиот Хабиб Чаб, основач и поранешен водач на сепаратистичката група наречена Арапско движење за ослободување на Ахваз (ASMLA), живеел во Шведска 14 години додека иранските разузнавачи не го намамиле во Турција.

ASMLA е со седиште во Холандија и Данска. Данските власти го обвинија раководството на организацијата за финансирање и промовирање на тероризмот во Иран со поддршка на Саудиска Арабија.

Кон крајот на октомври 2018 година, данското разузнавање го обвини иранското разузнавање дека планирало атентат на најмалку еден од тројцата водачи на данскиот огранок на групата, што Техеран го негираше.

Поврзани новости