Иран испрати одговори на американскиот предлог за прекин на војната

by vlatko 18:38
18:38

Иран им одговори на пакистанските медијатори за предлозите на САД за прекин на војната, објавува Би-Би-Си. Деталите сè уште не се познати, а самите САД не ги објавија јавно своите најнови предлози.

Сепак, Би-Би-Си потсетува дека претходните извештаи укажуваа дека фокусот на преговорите во моментов е на меморандум од 14 точки што, доколку биде договорен од двете страни, би довел до понатамошни преговори за нуклеарните амбиции на Иран.

Инаку, со исклучок на поединечни напади, прекинот на огнот во војната меѓу Израел и САД против Иран во голема мера се почитува.

Слични вести