Светот изгуби 2,8 милијарди барели нафта поради војната на Блискиот Исток

by irena 17:12
17:12

Глобалниот пазар изгуби 2,8 милијарди барели нафта и 60 милијарди кубни метри гас од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (IEA).

Според извештајот на IEA, насловен „Преглед на светската енергетика 2026“ (World Energy Review 2026), прекинот на транспортот на енергенси низ Ормутскиот теснец во 2026 година предизвика најголем шок за глобалното снабдување, а состојбата не е стабилизирана уште од ноември.

Бидејќи другите заштитни механизми се исцрпени, сè поголем дел од товарот паѓа врз потрошувачите, меѓу другото и поради високите цени.

Од почетокот на конфликтот, извозот од Персискиот Залив варираше во зависност од промените во безбедносната ситуација.

Влијанието врз пазарот дополнително се засили поради ризиците поврзани со транзитот низ Црвеното Море, како и поради ситуацијата во Украина, се наведува во извештајот.

Од IEA посочуваат дека залихите на дизел гориво – кои претставуваат столб на глобалната економија – се под огромен притисок, а цените достигнаа рекордни нивоа од над 200 долари за барел.

Слични вести