Иран ги информирал САД и земјите од регионот 72 часа пред нападот врз Израел

by fokus

Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан изјави дека соседните земји биле информирани 72 часа пред одмаздничките напади врз Израел.

– Приближно 72 часа пред нашите операции ги информиравме нашите пријатели и соседи во регионот дека одговорот на Иран против Израел е сигурен, легитимен и неотповиклив, истакна Амирабдолахиан.

Тој додаде дека биле информирани и САД дека нападите врз Израел ќе бидат „ограничени“ и за самоодбрана.

Поврзани новости