Две сообраќајки со мотори – во едната тешко повреден е возрасен маж, во другата малолетник

by fokus

Две сообраќајни несреќи со мотори се случиле вчера во Велес и Струмица, во кои две лица се тешко повредени.

Едната се случила вчера попладне во Велес на улицата „8 Септември“ кај местото „Стар мост“.

Во несреќата учестувал мопед „апен“, без регистарски таблички, управуван од Ќ.С.(64) од Велес и патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(19) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болница во Велес.

Другата сообраќајка се случила вчера вечерта во Струмица на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“ помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Поврзани новости