Инвестиции… катаљон инвестиции!

by lali

Според изборната програма на ВМРО ДПМНЕ, партијата која се бори за мнозинство во парламентот не престанува со ветувања за отварање поволни инсустриски зони таму каде што има место. Последната индустриска зона за привлекување странски инвестиции се отвори на Google+ и во наредните неколку години се очекува заинтересираност од повеќе светски компании за инвестирање и отварање нови работни места за граѓаните на Македонија. Иако според голем број соросоидни аналитичари и платеници на опозицијата овој потег е промашена мерка, кој воедно е и познат метод на СДСМ, ДПМНЕ стои на своето и силно верува дека поволностите што ги нуди ќе донесе голем број на нови странски инвестиции. При секоја нова инвестиција, премиерот со своите блиски соработници свечено ќе се логираат на оваа социјална мрежа и ќе посакаат добредојде за сите оние кои се сериозни и кои сакаат да инвестираат во Македонија, помагајќи си себеси како моќни компании а истовремено помагајќи и им на 34560 планирани нови работници кои се уште чекаат вработување од времето на СДСМ. Овие мерки планираат да ги вратат и илјадниците отселени луѓе од Македонија кои барајќи леб за себе и своите фамилии беа оставени на улица последниве 8 години.

 

Инаку за повеќе околку овие мерки може да следите по сите телевизии ширум републикава, и уште 68 веб портали кои без разлика на владините реклами, работат независно, за разлика од неколкуте проопозициски сајтови кои едвај преживуаат и наводно се спонзорирани од Сорос, а важат за медиуми што и покрај реалниот приказ на моменталната ситуација во државата не и мислат добро на иднината на Македонија. На нашата една, мила и единствена Македонија. Да живее Македонија. Државата пред се.

П.С. ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!