431
Новинар кој бил акредитиран за прес конференцијата на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин отстранет е од просторијата.
Отстранетото лице е идентификувано како новинар на магазинот „Нејшн“ (The Nation).
Тој претходно бил замолен да ја напушти салата. Новинарот излегол од салата, но потоа се вратил со лист хартија на кој имаше напишано порака против нуклеарното оружје.