Денеска производителите на слива оджаа протест во Делчево, каде беше блокирана раскрсницата кај Меѓународниот пат А3 кој го поврзува Делчево со бугарската граница.
На протестот учество зедоа над 30 производители на слива со својата земјоделска механизација. Тие еден час го блокираа сообраќајот во двете насоки.
Како што пренесува брегалнички.мк, во текот на протестот се случил инцидент при кој што додека неуниформирано лице на МВР од Полициската Станица во Делчево ги фотографираше тракторите и земјоделската механизација како и лицата кои протестираа на протестот.
На тоа дел од луѓето кои протестираа реагираа вербално сметајќи ја ваквата постапка за притисок и опструирање кон самиот протест.
Вербална расправија на протестот на производителите на слива во Длечево
Се случи инцидент на најавениот протест на производителите на слива во Делчево. Неуниформирано лице на МВР со службен фотоапарат ги фотографираше регистарските табли на земјоделската механизација и лицата кои беа на протестот.Откако беше воочена ваквата постапка од страна на луѓето кои протестираа, настана вербална расправија при што се вклучија повеќе службени лица на МВР во разрешување на тензичната состојба.
Publiée par Брегалнички.мк sur Lundi 20 août 2018