Можеме да застанеме рамо до рамо со ДПМНЕ, кога е иднината на земјата во прашање, народот сака да ги види најголемите партии заеднички да работат за доброто на земјата и убеден сум дека заедничка одлука за уставните измени, национално единство преточено во глас за Европа во македонското Собрание ќе биде широко поздравен чин, вели Миле Зечевиќ-Вардарски, кој за неделникот „Фокус“ го дава првото интервју откако стана генерален секретар на СДСМ пред повеќе од една година.
Разговараше:
Влатко СТОЈАНОВСКИ
–Зар не е подобро еднаш засекогаш да го затвориме прашањето еден народ – две држави? Треба да се прашаме кој има интерес ова прашање да го држи отворено? Затоа што со внесувањето на Бугарите во Уставот се затвора таа тема засекогаш. Морам тука да кажам дека, за жал, во раководството на ДПМНЕ како да се нема доволно сила да се профилира една државничка политика, која е во интерес на државата, на македонските национални интереси и на интересите на сите наши граѓани – вели Зечевиќ.
Тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ да најдат заеднички јазик. Како што посочува, има редовни контакти на повеќе нивоа меѓу двете страни, но воедно нагласува дека по лидерската средба нема „разговори за деталите и за оперативните чекори околу уставните измени“.
–Постои реална можност уставните измени да се случат. Одговорноста е кај сите политички субјекти и кај сите 120 пратеници. Сите што ѝ мислат добро на државата, на народот, кои се согласуваат дека европска Македонија е единствената опцијата за сигурна македонска иднина. Сакал некој да разбере или не, Европската Унија е најголемиот чувар на македонизмот – вели Зечевиќ во интервјуто за „Фокус“.
Во спротивно, доколку не се донесат уставни измени, според него, државата може да се доведе во ситуација да загуби нови 10 години.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.