Во интервјуто за новиот број на неделникот „Фокус“, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, меѓудругото, зборува и за можноста за предвремени парламентарни избори.
Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА
ФОКУС: Која е најреалната опција во моментов: широка влада без ВМРО-ДПМНЕ, предвремени избори или усвојување на уставните измени?
ТРАЈАНОВ: Од аспект на широка влада без ВМРО-ДПМНЕ, јас со тоа не се согласувам. Затоа што владата во моментов има доволен број пратеници и топ не ја разбива.
Дали владата ќе опстои, зависи од политиката што ја спроведува. Бројките ги има, но зависи дали на успешен начин ќе ја менаџира економската и енергетската криза.
Затоа апелирам сите стручни кадри да бидат вклучени во решавање на проблемите. Еве тоа може да се направи и при скрининг-процесот со ЕУ.
ФОКУС: Сметате дека во моментов нема шанси за предвремени избори?
ТРАЈАНОВ: Со оглед на целокупните состојби, речиси сите партии сметаат дека сега не е време за избори, затоа што сме во криза. Да видиме како ќе се одвиваат работите.
Мислам дека е поразумно, доколку се отвори таа тема, да се постигне договор евентуално за идната година. Предвремени избори да се одржат во април или во мај. Ако има 60 пратеници „за“, јас би бил 61-от.
Тоа е добро и за СДСМ и за претседателот Ковачевски, за да добие легитимитет. Бидејќи еден од главните напади од политичките противници и критичарите е дека тој не бил на избори.
Засега нема некое посебно расположение кај СДСМ и ДУИ за предвремени избори. Но, ќе видиме дали состојбите ќе наметнат услови сепак да се организираат предвремени избори.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК