Странците го предупредиле Абазовиќ: Ти се спрема ликвидација!

by Фокус

Премиерот на црногорската влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ на контролното сослушување пред Одборот за безбедност и одбрана рече дека еден странски дипломат го предупредил оти му се подготвува исто сценарио како за убиениот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ.

Тој дипломат, како што рече, му кажал оти таквото сценарио било подготвено за да се добие впечаток дека не е ликвидиран поради борбата против криминалот, туку поради врски со криминалот.

На владата на Абазовиќ и беше изгласана недоверба и сега функционира со технички мандат.

Поврзани новости