Зоран Дерновшек е иноватор по потекло од Словенија, кој живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми, а еден од нив кој според него е најважен за човештвото е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement) кој лекува аутизам и автоимуни болести. Сопругата на Дерновшек е по потекло од Охрид, каде што Зоран сака да отвори Светски центар за лекување аутизам
ФОКУС: Вие сте иноватор, кој има неколку значајни иновации, но една се истакнува како најбитна, а таа е поврзана со третман на аутизмот. Втори април е Меѓународен ден на аутизмот, па сакаме да ја зголемиме свесноста за ова. Иако не сте доктор, но поради тоа што вашиот пронајдок е вклучен во третманот на некои аутистични деца, имате многу знаење на оваа тема. Дали можете да ни го опишете патот кои некои родители или деца би го поминале од поставување на дијагнозата до можноста за излекување?
ДЕРНОВШЕК: Се почнува со тоа, кога родителите забележуваат дека со нивното дете се случува нешто необично. Тие почнуваат да се плашат и бараат помош, а има многу малку специјализирани доктори што се токму за аутизам. Најпрвин се прават класични тестови, кои не секогаш го имаат вистинскиот одговор или не се покажува ништо што е необично, па често стравот на родителите е можно да се отфрли како неоснован. Многу од симптомите на аутизмот можат да бидат и симптоми на други болести, па често постапката за дијагноза за аутизмот е макотрпна работа, која може да трае со години. Јас со моето откритие само го надополнувам третманот во кој секако се вклучени доктори што работат токму на оваа проблематика.
ФОКУС: Според Вас, доколку родителите би се посомневале во можноста за аутизам, што би требало најпрво да направат?
ДЕРНОВШЕК: Класичната дијагноза е подолготрајна, а многу битно е да се почне со лекувањето што е можно побргу бидејќи колку повеќе поминува времето, толку повеќе се зголемува и развојното заостанување. Според мене, родителите би требало прво да ги проверат своите сомнежи, со тоа што би направиле еден тест кој го има на интернет, а се вика АТЕЦ (ATEC). Тестот го има на страната на Американскиот универзитет, кој го има развиено. АТЕЦ тестот е прашалник, а бројот што го добиваме преку одговорите што се пополнуваат, ни покажува дали кај детето има елементи на аутизам и колку се тие изразени. Бројот се движи од 0-180, а ако се над 90, тогаш веќе се работи за сериозни случаи. Ако тој извештај покажува дека нивното дете е аутистично, тогаш тие би требало да побараат помош.
ФОКУС: Кои се најбитните компоненти за третман на аутизмот?
ДЕРНОВШЕК: Тука зборуваме за 2+1 проблем. Првите две се биомедицински и можат да се јават кај секоја болест. Докажано е дека имунолошките системи на дигестивниот тракт и на мозокот работат посебно, но се поврзани. Не работат потполно на идентичен начин. Биомедицинскиот проблем на аутизмот е тоа што и двата имунолошки состави се доведени во состојба на хронично воспаление. Тоа би можеле да го споредиме со куќа што гори од две страни, односно имаме два извори на оган. Многу од досегашните третмани беа помалку ефикасни бидејќи го гаснеа пожарот само од едната страна, но секогаш е потребно да се гасне пожарот од двете страни одеднаш. Тоа се прави со протоколи што работат синергично – заедно и истовремено. Идејата е постепено да се намали нивото на хронично воспаление во двата дела и со тоа повторно да се воспостави системот на телото во нормална состојба. Притоа, мораме да знаеме како двата системи функционираат меѓусебно. Варењето на храната е поврзано со ефектите на мозокот, т.е. одредена храна влијае врз состојбата на мозокот. На пример, познато е дека казеинот, кој го има во млечните производи, или глутенот, кој го има во јаглехидратите, кај некој луѓе може да имаат негативно влијание, доколку некој има синдром на полупропустливо црево. Наједноставно објаснето, тоа е состојба во која доколку слузницата на тенкото црево е оштетена, дел од храната наместо да се филтрира низ слузницата, т.е. да се обработи во облик кој е нетоксичен за телото, навлегува во крвта необработена и доаѓа во мозокот, каде што дејствува токсично, т.е. како дрога. На пример, необработен казеин од млекото или глутенот од јаглехидратите доаѓа во мозокот и таму дејствува како казоморфин или глутеоморфин. Тоа е објаснувањето зошто аутистичното дете сака да го јаде токму тоа што врз него влијае како дрога, а храната влијае врз однесувањето на аутистичното дете. Типични симптоми кај аутистичните деца кои укажуваат на тој синдром на полупропустливо црево и недостиг од диета, која би го спречило тоа, се следните: хиперактивност, постојан немир, не може да биде на едно место повеќе од 10-20 секунди, постојано трча, понекогаш пушта неконтролирани звуци, понекогаш е агресивно кон околината или кон себеси, не восприема опасност од околината, може да гребе или да ја јаде бојата од ѕидовите и сл. Ако се забележат дел од тие симптоми, тогаш докторите вообичаено бараат да се направат урински тестови на пептиди, кои покажуваат на која храна детето е нетолерантно. Пептиди се деловите од кои се составени глутенот и казеинот и токму тие можат да предизвикуваат негативни реакции, а ако детето не е толерантно на нив, тогаш тие влијаат како дрога. Вообичаено, три четвртини од аутистичните деца го имаат овој проблем на полупропустливо црево, а од тешките случаи на аутизам, речиси сите го имаат. Во зависност од резултатот од тестот, докторот пропишува диета и им дава инструкции на родителите што да исфрлат од исхраната. Вообичаено дава упатство таа диета да се држи не само дома, туку и во градинка или на училиште. Кога детето ќе почне со диетата, телото се чисти од пептидите во период од 8 до 12 месеци. Доколку истовремено детето го користи и мојот препарат, тогаш тој период е пократок, се намалува дури и на 1 месец. Доколку детето и понатаму не се смирува, тогаш можат да постојат повеќе други проблеми, кои мора да се проверат.
ФОКУС: Кои други проблеми би можеле да бидат фактори?
ДЕРНОВШЕК: Зголемено количество габи во цревата, како на пример кандида и други, нарушен однос на лошите и добрите бактерии, на штета на добрите, или цревните паразити. Ако се посомневаме на тоа, тогаш се прават специјални тестови на изметот, кои би го покажале проблемот, кој подоцна би се отстранил со класични медицински третмани. Во третманот се битни и суплементите, поради тоа што кај полупропустливото црево се земаат помалку витамини и минерали од храната, па треба да се надоместат.
ФОКУС: Кој е вториот дел од медицинскиот третман?
ДЕРНОВШЕК: Вториот дел примарно опфаќа детоксификација на мозокот, што значи дека мораме да ги исчистиме нервните клетки од отровните метали. Отровните метали ги уништуваат нервните клетки, и со тоа ја блокираат работата на нервните центри во мозокот, а кога на тоа ќе му го додадеме и ефектот предизвикан од глуто и казео-морфините, во случај да не се држи диета како што претходно кажав, концентрацијата на отровните материи во мозочната течност достигнува нивоа кои се многу високи, па дури и центрите што нормално би функционирале, стануваат пренадразнети. Крајниот ефект на сето тоа се влошени симптоми на аутизмот. За агресијата, кон крајот на 2016 ние најдовме одговор што функционира.
Препаратот РЕНС (RENS-Rapid Effect Natural Supplement) има 3 основни механизми на дејствување. Тој се базира на алги и додава дополнителен кислород на клетките. Кога здравата клетка ќе добие дополнителен кислород, тогаш таа 5-6 пати го зголемува своето енергетско ниво од обично, но оштетената мозочна клетка тоа не може да го следи, па таа останува 4-5 пати помалку со енергија од здравата. Со тоа му се помага на имунолошкиот систем, кој сега препознава кои се здрави, а кои оштетени мозочни клетки, ги уништува оштетените мозочни клетки и така тие се заменуваат со нови. Кога имунолошкиот систем ќе ги уништи оштетените мозочни или други клетки, тогаш се создава кисела средина на тоа место, а овој препарат предизвикува неутрализација на киселината, т.е. функционира како природна сода бикарбона, и тоа е вториот механизам на дејствување.Кога ќе се уништат оштетените клетки, биолошкиот дел на клетката се разградува, а отровните метали и отровите од неа одат во мозочната течност. Тие отрови, т.е. отровните метали, мојот препарат ги врзува на себе и се исфрлаат надвор од телото преку урина и измет, со што отровите не се враќаат назад да го трујат мозокот. Принципот на работа на мојот препарат е ист и кај автоимуните болести и поради тоа е успешен и кај нив. Имаме и први официјални наоди дека продолженото користење на препаратот по детоксификацијата на мозокот, го отстранува и проблемот на полупропустливо црево. Степенот на затруеност на мозокот се мери со тестови, кои се прават во најдобрите американски лаборатории.
ФОКУС: Кога настапува третата фаза на лекување и која е таа?
ДЕРНОВШЕК: Третата фаза е специјална педагогика и таа настапува веднаш кога првите 2 фази ќе почнат да даваат резултати.
ФОКУС: Дали мислите дека има конечно решение во третманот на аутизам?ДЕРНОВШЕК: Мислам дека сме на добар пат да дојдеме до такво решение, а значаен дел од тој пат ќе биде првиот Светски центар за лекување аутизам, кој планираме да го отвориме во Охрид. Мојата намера е да ги собереме сите најдобри светски терапии за лекување аутизам и врз база на тоа да развиеме нови, кои ќе бидат подобри и поефикасни, како и желба да ги собереме најдобрите кадри со кои би работеле заедно.