Ја нападнало куче, паднала и си ја скршила раката

by Fokus

Скопјанка се здобила со скршеница на рака, при пад на тротоар откако била нападната и бутната од куче-скитник.

Како што соопштија од МВР, вчера во Полициската станица Аеродром Л.Е.(52) пријавила дека истиот ден околу 14 часот додека шетала на булеварот „АСНОМ“ била нападната и бутната од страна на куче-скитник и при падот се здобила со повреда, скршеница во пределот на десната рака. 

Потоа побарала лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била константирана тешка телесна повреда

Поврзани новости