Интервју со Моника Зајкова: Мета сум на критики и омаловажувања

by fokus

Моника Зајкова е првата жена-лидер, која дојде на чело на Либерално-демократската партија, која во минатото ја предводеле Гошев, Пенов, Манасиевски, Жерновски и последно – Милевски. Во интервју за „Фокус“, таа говори дека нејзината цел е зголемување на членството, враќање на довербата на граѓаните во либерализмот и факторизирање на партијата на политичката сцена

Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ФОКУС: Вие сте еден од најмладите лидери на партија, имате 31 година, и еден од ретките лидери-жена. Дали на ова гледате како предност или хендикеп?

ЗАЈКОВА: Мислам дека сум единствениот толку млад лидер во регионот. Сѐ уште живееме во општество на стереотипи и секојдневно се соочувам со тие стереотипи. Не ја сметам младоста за хендикеп, како што не ја сметам ниту староста за предност. Сѐ си има свое. Кога имате долгогодишно искуство, а јас имам долгогодишно и професионално искуство и искуство во партијата, од многу помлади години бев активна и во невладиниот сектор, сум работела и во правосудната фела, односно во адвокатско друштво, па можам отворено да зборувам за предизвиците и за проблемите со кои се соочуваме како држава.

ФОКУС: Како жена трпите ли омаловажувања?

ЗАЈКОВА: Постојано сум таргет на лични критики, омаловажувања, говор на омраза, особено на социјалните мрежи, и не само јас, туку голем број жени што се во политиката, ниски квалификации, лични навреди, па дури и измислување приказни. Тоа никогаш не можете да го запрете, но нашата работа не е да се занимаваме со тоа што нѐ навредуваат, не очекувам дека на социјалните мрежи ќе добијам секогаш објективна и конструктивна критика, која особено ја ценам. Сепак, нашата работа е да продолжиме да работиме и да наоѓаме решенија за граѓаните.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости