Интервју со Елена Петковска: ЗА УСПЕХ Е ПОТРЕБНО МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД УБАВИНА

by fokus

Разговараше: Вики Клинчарова

Помладите генерации ја паметат како атрактивната поп пејачка од триото ,,Ексклузив,, а денес е советничка во Центар од редовите на ВМРО ДПМНЕ и координатор за правни работи во МЕПСО. Освен со музика и политика, Елена Петковска се занимаваше и со водителство на АБ Канал, а еден период беше и наставничка основното училиште ,,11 Октомври,, во Центар. Во интервју за ,,Фокус,, таа отворено раскажува за својот животен пат, за своите амбиции, за откажувањата во име на кариерата, но и за тоа како е да се биде убава жена во светот на политиката кај нас.

Поп пејачка, водителка, професорка, и на крај дел од политичката сцена. На што се должеа сите овие промени во твојата кариера?

thumbnail_elena-p7-Овие промени се должат на мојот динамичен карактер и желба секој пат да направам истражување на друго поле. Инаку, не би ги споила по некој таков строг редослед, јас се занимавав краток период со музика, ја сакам музиката и таа е дел од секое културно општество. Во водителството да бидам искрена, повеќе се пронајдов одколку во музичка кариера, но сепак мојата музичка кариера ми помогна да се снајдам во улога на водител бидејќи кај нас шоу бизнисот е мал и малку лимитиран и кога си пејач ги учиш чекорите на јавниот живот и одговорностите кои понатака следат. Со убави спомени се сеќавам на водителството, навистина е убаво да го водиш гостинот со прашања за да ја открие неговата филозофија, суштината на неговата работа а на гледачите да успееш да им го задржиш вниманието (тоа е умешност). Тоа е дел од мојот живот кој беше како тест за развој на мојата личност и стекнав искуство со непосредна кумуникација, контакти, истражувања, јавна сцена и итн… со еден збор менаџмент со човечки и матријални ресурси. Сепак да бидеш професор или да се занимаваш со политика веќе не е прашање на хоби и интерес, туку тоа е навистина сериозен ангажман и огромна одговорност. Да бидеш денес професор е благородна и благословена работа, да подучуваш деца на навики и одговорности, да ги описменуваш за да може понатаму да одат одговорно во својот живот е благородна мисија. За мојот политички ангажман имам објаснување дадено во повеќе интервјуа. Скоро 17 години сум дел од политиката на владеачката партија. Политиката е мое секојдневие, нешто без кое не можам, ја канализирам мојата енергија и се заложувам за подобрување на животот на секој граѓанин во нашата држава. “Политичарот“ во нашата држава за време на транзицијата беше апостроф за лажго, манипулант, криминалец. И ден денешен тоа сеуште знае да се провлече во некои сегменти, но со гордост можам да кажам дека мојата политичка партија ВМРО – ДПМНЕ успеа да ја смени таа создадена перцепција. Народот знае да препознае што е даден збор, ветена работа со рок и истата да биде остварена, граѓаните препознаа одговорност, чесност и посветеност.

Во која од професиите се пронаоѓаш најмногу, дали во било кој момент зажали што се повлече од естрадата?

-Не, за ниедна одлука во мојот живот не зажалив и не се каам, бидејќи секоја моја одлука е добро размислена и промислена и е во насока да се развива мојата личност и одговорност. А дефинитивно политиката е токму она каде што се пронајдов себеси.

Кај нас во политиката атрактивните жени секогаш привлекуваат внимание, помага ли добриот изглед во остварување на амбициите, ја олеснува ли работата понекогаш?

-И тоа е создаден стериотип од нашиот менталитет. Буквално зад секоја успешна жена thumbnail_elena-p3се провлекуваат некакви муабети. Секој е убав на свој начин. Секоја жена е убава, но, не е секоја убава жена успешна. За да бидеш денес успешен во овој динамичен и глобален свет треба да имаш многу повеќе од убавина. Атрактивините жени насекаде предизвикуваат интерес и привлекуваат внимание, тоа е природно, но тоа не помага во политиката или во некоја друга работа, квалитетите те тестираат на скалилата кон успехот. Политиката е маратон, а квалитетот е силата која те движи и те одржува, а убавината секогаш поминува бидејќи таа не е вечна. Така да, таа не ја олеснува работата ниту ти го трасира патот да ја оствариш сопствената амбицијата.

 

-Се случува ли да ти се прогледа низ прсти затоа што си жена?

-Не, напротив тоа некого го фрустрира и најчесто ми одмогнува. Зборам за мој личен пример. Ниту сакам, ниту барам да ми се прогледува низ прсти. Не е дел од мојата животна филозофија, ако сакате не е ни дел од филозофијата на партијата на која и припаѓам.

Со Андреј Жерновски ве споредуваа со ,,Том и Џери,, од цртаните филмови . Во какви односи сте приватно, дали се поздравувате на улица, имате ли почит еден кон друг, без оглед на политичката определба?

Да, честопати знам жустро да го искритикувам, а тој да возврати и обратно – тоа е политика. Споредбата е во ред во некоја симболична смисла и тоа е добро да биде така. Дискусии и критики се дел од секоја политичка функција. Ние сме таму заради интересите на граѓаните, треба и мора да се критикуваме. Поздравувањето и почитта е дел од домашното воспитување, секој треба да се почитува без разлика на политичка, верска или етничка определба.

Твојата нова функција како координатор за правни работи во МЕПСО наиде на многу коментари од јавноста. Што би им порачала на оние кои што се сомневаат во твојата работна способност, само поради фактот што во минатото си била поп пејачка и ТВ водителка?

-Не го водам животот според тенденциозни коментари. Се навикнав низ годините. Ние сме такво општество и за жал озборувањата и коментарите на некого се животен стил. Јас работам во Сектор за општи и правни работи. За моите способности треба да се изјаснат моите претпоставени. Сепак имам долгогодишно работно искуство зад себе, а воедно сум Магистер за човечки ресурси и своето образование го имплементирам во тоа што го работам. Тоа што бев поп пејачка и водителка само ми помогна подобро да комуницирам, да слушам, да резонирам и да менаџирам и поквалитетно да ги извршувам своите обврски. На крај, не е ни важно што си работел порано, важно е како работиш денес .

Во минатото додека беше дел од естрадата, се пишуваше за твојот приватен живот. Пред пет години изјави дека си сингл, бидејќи мажите на некој начин начин се плашат од убави и успешни жени. Има ли промена на тоа поле, дали наскоро ќе ги слушнеме свадбените ѕвона?

-Стојам на ставот дека мажите се плашат од успешни и убави жени, и најверојатно сето тоа ги фрустрира. Тоа е повторно поврзано со субјективниот стериотип и менталитет. И не е само тоа така во Македонија, генерално секаде на Балканот. Искрено не би сакала да зборувам за мојот приватен живот, можеби звучи себично, но сепак се трудам и сакам да си ја зачувам приватноста, а со тоа и да ги заштитам моите најблиски. Само ќе кажам дека е богатство покрај себе да имаш човек кој беспрекорно те почитува и поддржува во секој сегмент. А за свадбените ѕвона мислам дека сеуште е рано, но никогаш не се знае – може да изненадам.

Кај нас обично се верува дека не може да си успешен и приватно и професионално, дека секогаш едната страна трпи. Се согласуваш ли со тоа?

thumbnail_elena-p6-Децидно НЕ. Ако имаш подршка од саканите и разбирање, ако си добар организатор и имаш визија, можеш да бидеш успешен и приватно и професионално. Не велам дека во еден период во животот можеби едно преовладува над друго, но баланс секогаш постои.

Си се откажала ли од нешто важно во животот, за сметка на политичката кариера?

-Да, но не жалам за ништо. Како во предходното ваше прашање, успевам да направам баланс заради подршката што ја имам и ја добивам до бескрај.

Платата во МЕПСО е на очиглед на целата јавност, бидејќи е над просечната плата во Македонија. Може ли една жена, која што сака да биде негувана, модерна и во тренд, да биде задоволна со овие месечни примања?

-Многу релативно прашање и помалку тенденциозно. Јас не сум единствената како службеник во Македонија која зема плата. Јас не негирам дека таа плата е повисока од просечната плата, но јас заради таа плата имам и многу одговорности. Не би рекла дека мојата плата боди очи во јавноста, тоа е вака малку некорекно да се каже, но бидејќи таква е политичката клима и не ми е чудно што некој се занимава со мојата плата. Но, тој што нема политичка или професионална визија се занимава со се и сешто, нели? Вториот дел од прашањето е субјективно, имено секоја жена треба да биде негувана и модерна според личниот буџет што го поседува. Денес има за секого по нешто и за сечиј буџет. Не е проблем буџетот дали знаеш да се средиш, туку вкусот што треба да го поседуваш.

Бидејќи си доста музикална, која песна те опишува најдобро, за кои стихови би можела да кажеш дека се твоја автобиографија?

-Во секоја песна човек може да се пронајде, во зависност од расположението кое го имаш во моментот. Во принцип сум емотивна личност и претежно сум миленик на баладите. Доста често знам да ги слушам песните на Тоше Проески, Каролина, од нашите соседи Јелена Томашевиќ ми е една од омилените, а од странската музика уживам во песните на Витни Хјустон, Бионсе, Енрике и Ријана.

Фото: приватна архива

Поврзани новости