УНИТЕТИ: Криминалците во апс, невините на слобода

by fokus

Политичката партија УНИТЕТИ остро реагира на, како што вели, дволичното однесување на двете албански парламентарни партии ДУИ и ДПА, потписнички на политичкиот договор „Пржино“ во врска со законите кои ја поддржуваат работата на Специјалното јавно Обвинителство.

„Нема никакво оправдување за пратениците Албанци, чии партии постојано изјавуваат дека ја поддржуваат работата на СЈО, додека истите не ги поддржуваат законските измени за ова прашање и со своето делување се штитат себеси, а го штитат и македонскиот партнер. Ова уште еднаш го потврдува нивниот вазален однос кон македонскиот партнер, но и стравот од губење на власта и од владеењето на правдата“, се вели во реакцијата на УНИТЕТИ.

УНИТЕТИ вели дека  ќе продолжи силно да ја брани работата на Специјалното обвинителство преку својот пратеник во Собранието, но и во комуникацијата со меѓународниот факто и „ќе инсистира во нашата земја криминалците да бидат осудени и уапсени додека невините да бидат ослободени од затворите.“

„Без правда не може да има ниту демократија“, се вели во партиското соопштение. 

 

Поврзани новости