(ИНТЕРВЈУ) Николоски со нови детали од договорот: Дури 70 отсто од работниците за автопатите ќе бидат странци!

by fokus

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка.
Одговара и дали во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ некој би поддржал уставни измени, дали поранешниот лидер Никола Груевски има влијание во партијата, но и жестоко го критикува претседателот Стево Пендаровски.

Целото интервју ќе може да го прочитате и во онлајн изданието на неделникот.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Освен обврската за воведување 60-часовна работна недела и плаќање пенали доколку тоа не се направи, дали во договорот има и други спорни елементи?

НИКОЛОСКИ: За вашиот медиум ексклузивно ќе откријам уште еден сегмент. Се работи за план 11 од договорот кој се однесува за број на работници и план за работа. Во истиот е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите кои македонските граѓаните ќе ги дадат за изградба на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде јасно може да се види дека 70 осто ќе бидат странци.

Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија треба да добие работна дозвола и дозвола за престој.Само за работниците на автопатите на Бехтел и Енка ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А, тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што можно е да влезе некој кој има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и после шест месеци барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости